Top Sport

Марадона: Да се надеваме дека Лео ќе има лоша вечер

Пред вечерашната пресметка на неговите два поранешни клубови, Наполи и Барселона, Диего Марадона вели дека се надева дека неговиот сонародник Лионел Меси ќе има лоша вечер на „Сан Паоло“.

Марадона, кој останува „икона“ на навивачите на Наполи, признава дека мечот нема да биде лесен за неговиот тим.

„Наполи поминуваат низ компликувана сезона, можеби најтешката во 15-те години под водство на Аурелио де Лаурентис. Но, Гатузо се покажува како голем човек за Наполи, почнувајќи нова ера. Мечот со Барселона ќе биде тежок, но се надевам дека Наполи ќе може да направи големо изненадување и да ги израдува своите навивачи. Се надевам дека Лео нема да има голем меч и покрај проблемите на тимот. Дали ќе си замине? Тој почна со Барселона и ќе заврши со Барселона“, вели Ел Пибе во интервју за „Ил матино“.

Scroll to Top