Top Sport

Еден од овие тројца би можел да го наследи Тен Хаг

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед треба мине низ големи промени во 2024 година.

Со доаѓањето на Џим Ретклиф доаѓа голема револуција на „Олд Трафорд“, а засега не се знае дали Тен Хаг ќе ја добије довербата од клупските челници и по сезоната 2023/24.

Тен Хаг ќе биде под голем притисок и во текот на вториот дел од сезоната, што го потврдуваат и написите во медиумите за потенцијалните наследници.

Наводно, доколку Јунајтед го отпушти Тен Хаг, во игра се тројца менаџери: Роберто Де Зерби, Греам Потер и Франческо Фариоли.

Поранешниот и актуелниот менаџер на Брајтон, Потер и Де Зерби негуваат сличен стил, напаѓачки, со висок пресинг и посед на топка, што не може да се каже за младиот Италијанец.

Франческо Фариоли направи чудо со Ница, но најмногу благодарение на цврстата игра во одбраната. Ница оваа сезона прими само 11 гола, а даде само 19, но тоа беше доволно да собере 35 бода и се наоѓа на позицијата која и гарантира место во Лигата на шампионите.

Фариоли е и најмлад меѓу споменатите тренери, има само 34 години и пред него се најдобрите тренерски години.

Што се однесува до Потер и Де Зерби, тие и се многу попознати на англиската јавност. Де Зерби врши импресивна работа во Брајтон, каде што го наследи Потер кој не можеше да ја одбие понудата на Челзи, но таму не се прослави.

Потер досега имаше неколку понуди, но ниту една не беше доволно примамлива за да му се врати на фудбалот.

Scroll to Top