Top Sport

Еден поинаков Бразил му го нанесе првиот пораз на Германците од 2016 (видео)

Иако тежината на мечот воопшто не беше иста, Бразил успеа да ја победи Германија сред Берлин со 1:0 во првиот меѓусебен дуел по срамотниот 7:1 пораз на „Селесао“ на Светското првенство на домашен терен пред неполни четири години.

Човек на одлука беше ѕвездата на Манчестер сити, Габриел Жесус, кој по одличното нафрлање на Вилијан, со глава го погоди голманот Кевин Трап, кој со трапава реакција ја смести топката во мрежата. Оваа победа никако не може да биде „реванш“ за мечот во Бело Хоризонте во 2014 година, но секако го крева моралот во „Селесао“ под водство на селекторот Тите, и тоа без првата ѕвезда, Нејмар.

За актуелните светски шампиони пак, ова е прв пораз по тој во полуфиналето на Европското првенство во 2016 година, кога во полуфиналето ги совлада Франција со 2:0 благодарение на двата гола на Гризман. Најзагрижувачки за Јоаким Лев треба да биде местото на голман, поради отсуството на Мануел Нојер.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Луксембург – Австрија 0:4

Романија – Шведска 1:0

Белгија – Саудиска Арабија 4:0

Германија – Бразил 0:1

Полска – Јужна Кореја 3:2

Scroll to Top