Top Sport

„Еден тим ќе испадне, тоа ќе биде Црвена звезда“

Здравко Мамиќ, поранешниот прв човек на Динамо Загреб, за српските медиуми го коментираше можниот дуел во плејофот за пласман во Лигата на шампионите, помеѓу хрватскиот првак и Црвена звезда.

Некогаш членовите на „големата четворка“ на југословенскиот фудбал, низ историјата одиграле 106 натпревари. Последен пат се сретнатле на 18.мај 1991 година.

За да изборат меѓусебен дуел, Динамо во третото коло ќе мора да ја мине Легија варшава, а Црвена звезда екипата на Шериф.

„Морам да бидам искрен, го знаете мојот став од минатата година. Не сакав дуел со Црвена звезда“, рекол Мамиќ.

„Отсекогаш сум навивал за Црвена звезда, е сега еден тим мора да испадне. Тоа ќе биде Звезда. Ако дојде до тој дуел Динамо ќе покаже дека е подобар“, изјавил Мамиќ, а п0тоа малку ја „спушти“ топката.

„Сепак не може да се каже дека Динамо е фаворит. Звезда во последните неколку сезони бележи импресивни резултати. НБема фаворит, но сигурен сум дека Динамо ќе избори место во главната фаза во ЛШ“, заклучил Мамиќ.

Scroll to Top