Уште една тешка повреда му зададе главоболка на тренерот на Реал, Карло Анчелоти. По голманот Тибо Куртоа, долго отсуство му претстои и на дефанзивецот Едер Милитао. Бразилецот се повреди синоќа на „Сан мамес“, во победата на Реал против Атлетик Билбао (2:0).
Од „кралскиот клуб“ се надеваа дека повредата ќе биде од полесна природа, но радиолошките прегледи потврдија дека 25. годишниот Бразилец ги скинал предните вкрстени лигаменти, па ќе отсуствува најмалку шест месеци.
Останува да се види дали Реал ќе се активира на трансфер пазарот, односно дали ќе бара замена за поранешниот централен дефанзивец на Сао Паоло и Порто.
Со иста повреда пред четири дена се здоби и првиот голман Тибо Куртоа. Според шпанските медиуми, Реал на неговото место ќе го ангажира голманот на челси, Кепа Аризабалага.