Top Sport

Едерсон ги закопа Сити, Јунајтед го доби дербито на Манчестер (Видео)

Јунајтед ги победија Сити со 2:0 во манчестерското дерби. „Црвените ѓаволи“ со оваа победа ја продолжија трката со Челси за четвртото место во лигата. Јуанјтед имаат 45 поени, три помалку од Челси.

Манчестер Јунајтед трет пат оваа сезона забележаа победа над Манчестер сити, а менаџерот Оле Гунар Солскјер стана првиот по Алекс Фергусон кој успеал да ги добие двата натпревари во првенството против градскиот ривал.

Солскјер уште еднаш успеа да го надмудри Пеп Гаврдиола. Јунајтед им го препуштија поседот на топка на противниците, а своите шанси ги бараат преку брзите акции.

Генијалната асистенција на Бруно Фернандеш кон Ентони Марсијал во 30 минута им донесе предност на Јунајтед. Францускиот репрезентативец упати силен удар, а топката мина низ рацете на Едерсон.

Сити силно притиснаа во вториот период, Агуеро постигна гол кој беше поништен поради милиметарски офсајд, потоа Стерлинг промаши чиста шанса, а Де Хеа со крајни напори го скроти ударот на Габриел Жесус.

До крајот Јунајтед не само што се одбранија туку искористија уште една грешка на Едерсон и го постигнаа вториот гол.

Бразилскиот голман имаше лошо додавање кон Менди, Мектоминеј го прочита додавањето и од 40 метри ја пласираше топката во празната мрежа.

Scroll to Top