Њукасл ќе игра против Бенфика во Лигата на шампионите во вторник (21:00 часот), а пред тој дуел Еди Хау на прес-конференцијата зборуваше за Жозе Мурињо, човекот кој двапати ја освои Лигата на шампионите.
Хау рече дека за Мурињо е еден од најдобрите тренери на сите времиња и дека имал големо влијание врз него.
„Тој е некој кого го почитувам неизмерно, играв против него и претходно во Премиер лигата. Кога бев млад менаџер, навистина се восхитував на она што го изгради во Челзи“, рече Хау.
„Мурињо дефинитивно е визионер, некој што покажа како може да се прават работите на различни начини, а потоа го повтори успехот во различни клубови и во различни првенства. Навистина е неверојатно што се постигнал во својата кариера“, беше искрен Еди Хау.
Мурињо постојано се опишува себеси како „мала страчка“, алудирајќи на неговата врска со поранешниот менаџер на Њукасл, Сер Боби Робсон, чија „сенка“ беше во Спортинг, Порто и Барселона како преведувач и асистент.
Низ годините, Мурињо секогаш зборувал добро за Њукасл, а истото беше и пред овој натпревар кога повтори дека „го сака Њукасл“.