Top Sport

Единаесет играчи што не ги оправдале вложените пари

„Трансфермаркт“ направи студија на фудбалерите што имаат голема вредност на пазарот, а оваа сезона не се во прв план во своите клубови.

Најскап фудбалер на оваа листа е Лука Јовиќ. За српскиот репрезентативец Реал на Ајнтрахт им платија 60 милиони евра. Јовиќ има скромна минутажа од почетокот на сезоната, настапил на 23 натпревари и постигнал само два гола.

Инаку според „Трансфермаркт“ доколку се состави еден ваков тим на голот би бил Нето од Барселона.

Бразилскиот голман пристигна во Барселона во размината за Јаспер Силесен. Каталонците во него вложија и 18 милиони евра, а тој сезонава му е резерва на Тер Штеген.

Во одбраната се Нико Шулц (Хофенхајм – Борусија Дортмунд за 20 милиони евра), Едер Милитао (Порто – Реал Мадрид 50 милиони), Даниеле Ругани (Јувентус 20 милиони), Алваро Одриозола (Реал Мадрид – Баерн 20 милиони).

Редот за врска го сочинуваат Шоја Накаџима (Порто 20 милиони), Виктор Ванјама (Тотенхем 12 милиони), Фил Фоден (Манчестер сити 30 милиони), Џердан Шачири (Ливерпул 22 милиони).

Во нападот покрај Јовиќ е играчот на Челси, Миши Батшуаи за кого Челси имаат платено 22 милиони евра.

Scroll to Top