Top Sport

Бредли Бил израмни рекорд на Коби Брајант (Видео)

Кошаркарот на Вашингтон Визардс Бредли Бил е првиот играч по Коби Брајант кој во две вечери постигнал 50+ поени во НБА лигата.

Додека во Лос Анџелес била во тек комеморацијата за Коби Брајант, Бил на совршен начин му одаде почит на легендарниот кошаркар.

Тој во поразот на Вашингтон Визардс од Милвоки Бакс (134:137) постигна 55 поени. Бекот на Визардс претходната ноќ против Чикаго уфрли 53 поени.

„Човеку тоа е лудо. Сите знаеме кој беше Коби. Комеморацијата беше емотивна, исфрли на површина многу чувства. По неговата смрт ми стана јасно дека не е важно колку поени ќе постигнеш, колку пати ќе играш на ол стар натпреварот, бидејќи кога еднаш и јас ќе заминам никој нема да се сеќава на тоа. Но, сите ќе се сеќаваат на тоа колкаво влијание си имал врз соиграчите и луѓето во клубот“, рекол Бил.

За потсетување Коби Брајант во 2007 година две вечери по ред постигнувал 50+ поени, 60 против Мемфис и 50 против Њу Орлеанс.

Интересно и покрај брилијантната игра на Бредли Бил Визардс се поразени во двата дуели.

Scroll to Top