Top Sport

Едиз Спахиу е нов играч на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека нападот го засили со Едиз Спахиу.

23 годишниот напаѓач доаѓа од екипата на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна вкупно четири голови на 18 натпревари.

Минатата сезона со оваа екипа беше освојувач на купот на Македонија. Во ПМФЛ Спахиу има одиграно вкупно 106 натпреаври на кои има постиганто 23 голови.

Покрај Тиквеш, Спахиу во кариериерата има настапувано за Гостивар и Шкеднија.

Спахиу има настапувано за селекциите под 19 и 21 година на репрезентацјата на Македонија.

Фудбалскиот клуб Вардар засега е најактивен во зимскиот преоден рок. Спахиу е шестото засилување за тимот на Гоце Седлоски. Претходно во клубот пристигнаа Пинтер, Маневски, Јанкулов, Цикарски, Тодоровски…

Scroll to Top