Top Sport

Една година беше без работа – Игор Ангеловски ја презеде Горица

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски го презеде хрватскиот клуб Горица. Челниците на клубот Горица синоќа му врачија отказ на Самир Топлак по поразот од Истра со 2:0.

Творецот на најголемиот успех на македонскиот фудбал е без работа повеќе од една година. Тој по Европското првенство во јуни 2021 година, ја напушти клупата на Македонија.

Ангеловски, минатата сезона се поврзуваше со Хајдук Сплит, кога Јенс Густафсон доби отказ. Горица сакала и претходно да го ангажира, но не можела да се договори со него.

Ангеловски беше селектор на Македонија од 2015 до 2021 година, а претходно работеше како помошник селектор во репрезентацијата.

Единствен ангажман пред тоа му беше на клупата на Работнички. Како селектор на Македонија забележа 23 победи, 11 нерешени и 19 порази на 53 натпревари.

Горица, по шест кола е претпоследна на табелата со само една победа и пет освоени бода.

Scroll to Top