Партизан синоќа со победа се прости од Лига Европа. Црно-белите ја победија Астана со 4:1 и завршија на третото место во групата од која во нокаут-фазата се пласираа Манчестер Јунајтед и АЗ Алкмар.
Инаку натпреварот во Белград го обележа бизарниот инцидент поради што почетокот на мечот доцнеше десетина минути.
Официјалните лица на УЕФА забележале дека едниот гол подолг од другиот! Голот на северната трибина бил за еден сантиметар подолг од оној на јужната страна на стадионот.