Top Sport

Едуар Менди пак лут: Зошто ФИФА го потценува Сенегал

Голманот на Челси, Едуар Менди навистина нема среќа со медиумите и со социјалните мрежи во последно време.

Неколку дена откако мораше да се побуни зошто кога се зборуваше за обвинетиот за силување фудбалер на Манчестер сити, Бенжамин Менди, дел од англиските медиуми ставија негови фотографии на своите социјални мрежи, сега проблемот е кај официјалниот Твитер профил на Светското првенство на ФИФА.

На постот има пет првокласни голмани чии репрезентации најверојатно ќе бидат на СП во Катар следната година, на која покрај Менди се Мануел Ноер, Џанлуиџи Донарума, Каспер Шмајхел и Алисон Бекер, но Менди забележа додека сите се во своите национални дресови, Менди е со обична маичка.

„Два дена го гледам овој пост и се обидувам да разберам, но не ми оди. Дали е нормално што само јас сум без дресот на мојата земја Сенегал? Дали тоа е фер кон Сенегал?“, напиша Менди на Инстаграм.

Голмaнот на Челси Менди: Срамота е што на вестите за Бенжамин Менди ставате мои фотографии

Scroll to Top