Top Sport

Пети: Мбапе во Њукасл? Зошто да не!

Иако многумина веруваат дека негова судбина е да игра на „Сантијаго Бернабеу“ за „кралскиот“ клуб, Килијан Мбапе може многу лесно да биде прва ѕвезда на Њукасл јунајтед по нивното преземање од саудиските инвеститори, смета поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети.

Мбапе, кој премина од Монако во Пари Сен-Жермен во 2017 во вториот најскап трансфер во историјата (по тој на Нејмар во истиот клуб), има 7 гола во сите натпреварувања за ПСЖ оваа сезона, но неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а Реал Мадрид се обидоа со понуда од 180 милиони евра да го купат во текот на летото. Пети, кој има искуство во Премиерлигата со настапите за Арсенал и Челси, вели дека не би било чудно фрустрацијата во Париз да ја реши со трансфер на „Сент Џејмс парк“.

„И такви работи се случуваат. Видете што се случи со Њукасл, постоеја толку шпекулации, и на крајот работите бргу се завршија. Знам дека во неговиот ум е трансферот во Реал Мадрид бидејќи како дете сонувал да игра за таков клуб. Но, тој е исфрустриран од ситуацијата во ПСЖ, ги видовме проблемите со Нејмар и како тоа влијаеше на неговата игра. Мака му е и сака да си оди од Франција бидејќи не го ценат како Меси и Нејмар“, вели Пети.

Scroll to Top