Top Sport

Египет не гласал за Салах, тој ги избриша од социјалните мрежи

Египетската фудбалска федерација (ЕФА) побара објаснување од ФИФА зошто нивните гласови за Мохамед Салах за најдобар фудбалер оваа сезона „исчезнале“, а самиот Салах ја зголеми борбата со сопствената национална федерација, бришејќи го споменувањето на Египет од својот Твитер профил.

„Што и да направат да ја уништат мојата љубов кон Египет, нема да успеат“, напиша Салах.

Од ЕФА тврдат дека селекторот Шаки Гариб и капитенот на репрезентацијата Ахмед Елмохамади ги дале своите гласови за Салах и бараат објаснување од ФИФА. Секоја членка на ФИФА имаше три гласа за наградата, капитенот, федерацијата и еден претставник од медиумите.

Ова не е првпат Салах да влезе во конфликт со сопствената федерација, откако сметаше дека федерацијата бесправно го користи неговиот лик за комерцијални права.

Scroll to Top