Top Sport

Египетски ТВ-коментатор почина по поразот од Саудиска Арабија

Поранешниот египетски фудбалер и спортски коментатор, Абдел Рахим Мохамед добил срцев напад откако неговата репрезентација ги заврши настапите со драматичен пораз во последните минути од Саудиска Арабија.

Поранешниот тренер на Замалек бил емотивно скршен по 2:1 поразот со гол во 95. минута во понеделникот, објавуваат египетските медиуми и добил срцев удар пред да треба да го анализира натпреварот за спортскиот канал „Нил“.

Колегите веднаш го однеле во „Каср Ал-Аини“ болницата во Каиро, но лекарите не успеале да го вратат во живот. Ахмед Фавзи, поранешниот голман кој бил со него во студиото пред трагичната случка, забележал дека колегата изгледал „преморено“ и бил многу разочаран од третиот пораз на Египет.

Scroll to Top