Top Sport

Кеирош ја продолжи „тивката војна“ против поранешниот пулен Роналдо

Тренерот на Иран, Карлос Кеирош, човекот кој подолго време во „тивка војна“ со португалскиот сонародник Кристијано Роналдо, вели дека е јасно дека тој требал да добие директен црвен за ударот со лакт во понеделничкото 1:1 реми.

Роналдо доби жолт картон во 83. минута од мечот за „грабање“ на иранскиот дефанзивец Мортеза Пуралиганџи, а инцидентот беше разгледуван од ВАР системот.

„Не сакам да зборувам премногу, бидејќи се работи за мојата земја и мојот играч и знам дека ќе има војна против мене. Но, навикнат сум да бидам еден човек против цела нација од Јужна Африка. Реалноста е ако го сопрете мечот поради ВАР, и видите дека има лакт, тоа е црвен картон според правилата. Таму не се вели ако е Лионел Меси или Роналдо. Црвен картон е црвен картон. Мислам дека сите ќе се согласат дека ВАР не оди добро. Тоа е реалноста“, вели Кеирош.

Односите на Кеирош и Роналдо имаат долга историја. Кеирош беше тренер на Спортинг во 1990-тите пред да замине во Манчестер јунајтед како асистент на Сер Алекс Фергусон. Кратко потоа, Јунајтед играа со Спортинг во пријателски меч, каде што тогаш 18-годишниот Роналдо блесна и Кеирош советуваше по секоја сметка да се склучи договор. Договорот дури е потпишан во станот на Кеирош во Лисабон.

„Мислам дека беше моја должност како пријател и тренер да потпишеме со него. Не жалам за тоа“, изјави подоцна Кеирош.

По ова, Кеирош и Роналдо беа многу блиски во Јунајтед и според многумина тоа ги лутело другите фудбалери, посебно Руд ван Нистелрој.

Каде е проблемот? Кеирош стана португалски селектор во 2008 година, и наскоро почнаа проблемите. Роналдо постигна еден гол во 16 месеци за својата репрезентација и тие загубија од Шпанија на СП во 2010. Запрашан зошто загубија, Роналдо беше директен.

„Прашајте го Кеирош“, изјави тогаш Роналдо.

Селекторот не реагираше најдобро и воопшто не го повика Роналдо во репрезентацијата сѐ додека не беше отпуштен во септември 2010 година.

„Не зборувавме по таа изјава. Би бил лицемер да кажам дека ми се допаѓаа неговите коментари“, призна Кеирош.

Scroll to Top