Top Sport

Египетскиот Ал Ахли ќе биде противник на Баерн Минхен

Африканскиот шампион Ал Ахли ќе се спротистави на европскиот шампион Баерн Минхен во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако со 1:0 го совладаа катарскиот домаќин Ал Духаил, продолжувајќи ја низата на победи на неверојатни 33 меча и добивајќи вистински тест против Баварците.

Хусеин Ел Шатат го постигна единствениот гол на мечот во Ал Рајан, Катар, во 30. минута, а египетскиот шампион исто така имаше гол кој беше поништен поради офсајд само осум минути подоцна. На клупата на Ал Ахли е поранешниот јужноафрикански репрезентативец, Питсо Мосимане.

Во второто полуфинале на Светското клупско првенство ќе играат шампионите од Копа Либертадорес, бразилскиот Палмеирас и мексиканскиот Тигрес, кои претходно со 2:1 го совладаа корејскиот шампион Улсан Хјундаи.

Scroll to Top