Мо Салах доби совет да размисли за својата иднина и да го напушти Ливерпул. Ова го најави египетскиот селектор Хавиер Агире, кој вели дека за да се биде најдобар фудбалер на светот мора да се игра во најдобрите клубови на светот, а очигледно Ливерпул не го смета за еден од нив.
„Можеби би било подобро да си замине за една или две сезони, посебно ако Ливерпул не почне да освојува титули“, изјави Агире за египетската ТВ.
Салах постојано тврди дека е среќен во Ливерпул и дека има долгогодишен договор и главната цел е да се носат трофеи на „Енфилд“, посебно тој долгоочекуваниот од англиската Премиер лига.
Ливерпул во моментов се во тесна борба со Манчестер сити и Челси за првото место во Премиер лигата, и веќе имаат играно со Челси, Арсенал и Сити, поставувајќи ги во добра позиција за „лов“ на првото место до Нова Година.