Top Sport

Колинда повторно почна гушка! (видео)

Хрватска имаше добар старт на финалето од Дејвис купот, откако Борна Чориќ со 6:2/7:5/6:4 го победи Жереми Шарди во Лил, меѓутоа повторно шоуто го „украде“ претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Грабар-Китаровиќ стана светска атракција на финалето на фудбалското Светско првенство во Русија ова лето, откако ниту поразот на Хрватска од Франција не и го расипа расположението и таа ги гушкаше сите – репрезентативците на својата земја, но и Французите.

Овојпа,т во малку посмирено издание, таа не пропушти да го изгушка младиот Чориќ по победата, нормално повторно облечена во хрватски дрес, а пред патувањето од нејзиниот кабинет потврдија дека таа лично ќе ги сноси трошоците од патувањето, без да ја користи државничката функција.

„Танцот“ на хрватската претседателка стана хит на Интернет (видео)

Scroll to Top