Top Sport

Египќаните гласаа за Мо Салах!

Популарноста на Мохамед Салах во Египет не знае граници, а добар пример за тоа се изборите за претседател во африканската земја, кога според извештаите најголем број на неважечки ливчиња имало токму поради фудбалерот на Ливерпул.

Според „Економист“, во изборот за претседател имало два кандидати – Абдел-Фатах Ал-Сиси (кој победи со 92 отсто од гласовите) и Муса Мустафа Муса, но повеќе од еден милион гласачи напишале ново име на гласачките ливчиња, со името на Салах како најзастапено.

Напаѓачот на Ливерпул е во фантастична форма со 36 гола во 41 настапи за англискиот клуб, меѓутоа во Египет неговиот статус на мега-ѕвезда доаѓа благодарение на 33-те гола во 55-те настапи за националната репрезентација – за која го постигна одлучувачкиот пенал за 2:1 победа над Конго и пласман на Светското првенство во Русија.

Scroll to Top