Top Sport

Салах повторно донесе победа за Ливерпул (видео)

Мохамед Салах на шест минути пред крајот на натпреварот го постигна својот 34. гол за Ливерпул оваа сезона да донесе тешка 2:1 победа на гостувањето кај Кристал палас, со која „црвените“ се искачија на второто место во Премиер лигата со 66 поени, еден повеќе од Манчестер јунајтед.

Кристал палас дојде во водство против фаворитите во 13. минута, кога Лука Миливоевиќ од пенал го совлада Лорис Кариус, и овој резултат беше активен до стартот на второто полувреме, кога Садио Мане израмни на 1:1. Салах повторно се покажа како херој за Ливерпул со голот по нафрлањето на Робертсон.

Ова е 21. гол за Салах во Премиер лигата, нешто што досега го направија само двајца фудбалери – Робин ван Перси и Кристијано Роналдо.

Палас по поразот останува на 16. место со 30 поени, два повеќе од зоната за испаѓање во Премиер лигата.

Scroll to Top