Top Sport

Еибар кај отпишаниот Еспањол ги зеде клучните бодови за опстанок

Фудбалерите на Еибар на гостувањето во Барселона кај Еспањол ги освоија клучните бодови во борбата за опстанок.

Екипата од Баскија ја искористи шансата против клубот кој во минатото коло и теоретски испадна од лигата.

Прашањето на победникот Еибар ја реши во првите 36 минути. Двата гола ги постигна Експозито, првиот во 25, а вториот во 36 минута откако не успеа да реализира пенал, а во голот ја смести одбиената топка.

Еибар сега има 39 бода на две кола до крајот на првенството.

Scroll to Top