Top Sport

Хамилтон најбрз во Штаерска, катастрофален ден за Ферари

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Штаерска. Ова е прва победа во сезоната, вкупно 85 во кариерата. Британецот од почетокот до крајот возеше соло-трка. Второто место му припадна на неговиот колега Валтери Ботас, а подиумото го комплетираше Макс Ферстапен од Ред Бул.

Трката во Штаерска не донесе битка за првото место меѓутоа интересни битки се возеа за сите остнати позиции во Топ 10.

Ботас кој стартуваше од четвртото место, на пет круга до крајот го мина Ферстапен на второто место. Зад Ферстапен заврши неговиот тимски колега Александер Албон.

Драма се случваше во борбата за петтото место која на крајот му припадна на Ландо Норис од Мекларен . Норис во последниот круг ги мина најпрвин Дани Рикардо, Ленс Строл и на крајот Чеко Перез.

Перез од Рејсинг Поинт е прогласен за возач на денот бидејќи трката ја започна од 17 позиција.

Деветти и десетти беа Карлос Санц од Мекларен и Данил Квјат од Алфа Таури. Саинц освои и поен плус бидејќи го имаше најбрзиот круг во трката 1:05.519 минути.

Трката ја обележа и катастрофата на Ферари. Во третиот свиок на стартот Леклер го исфрли Фетел од трката, а потоа и самиот во седмиот круг се откажа.

Наредната трка се вози наредниот викенд во Унгарија.

Scroll to Top