Top Sport

Еибар на пат кон Сегунда – Виљареал победи на „Ипуруа“

Виљареал го победи Еибар на „Ипуруа“ со 3.1 , во 27.коло во шпанската Ла Лига. Виљареал пред овој дуел немаа победа на седум натпревари, додека Еибар само ја продолжија својата лошата низа.

Победата играчите на Виљареал на најавија во првата минута, кога Џерард Морено му асистираше на Мои Гомез. Морено беше асистент и во 34 минута кога ветеранот Карлос Бака зголеми на 2:0.

Еибар во 42.минута не реализраа пенал преку Бургос. Еибар и пред две кола промашија удар од 11 метри, а досега во сезоната не реализираа четири најстроги казни.

Домашните успеаја да постигнат гол во втриот дел, во 55.минута преку капитенот Серхи Енрич.

Во последните 10 минути Еибар не го искорситија исклучувањето на Капуе, туку им дозволија на противниците да постигнат уште еден гол, во 97.минута преку Алфонсо Педраса.

Scroll to Top