Top Sport

Еибар откако Меси ги „растури“: Страдаме, но ти аплаудираме

Лионел Меси постигна четири гола против Еибар за Барселона да стигне до убедлива победа од 5:0, и баскискиот клуб реши да му честита со интересен статус на социјалните мрежи.

„Ние страдаме од тебе. Ние се носиме со тебе. И немаме друг избор, освен да станеме и да ти аплаудираме“, напишаа од Еибар.

Со четирите гола, Меси има вкупно 18 во Ла лига досега и предност од пет гола пред Карим Бензема од Реал Мадрид во „пичичи“ трката за најдобар стрелец во Шпанија. Барселона се врати на првото место на табелата, откако Мадрид загуби од Леванте.

Меси за полувреме го победи Еибар (Видео)

Scroll to Top