Top Sport

Мајк Тајсон му се „ситеше“ на Вајлдер за поразот? (видео)

Мајк Тајсон беше еден од најрадосните гледачи во Лас Вегас откако боксерот кој го носи името во негова чест, Тајсон Фјури стана ВБЦ шампион со доминантна победа над Дионтеј Вајлдер.

Тренерот на Вајлдер по седум рунди реши дека „Бронзениот бомбардер“ доби доволно ќотек, пред Тајсон да ја прослави победата. Зад прославата на 53-годишниот Тајсон може да стои и малку поинаква причина – Вајлдер неодамна изјави дека би го „растурил“ Тајсон во неговите најдобри денови.

Во саботата, „Челичниот“ Мајк покрај рингот беше придружуван од двајца свои поранешни ривали – Ивандер Холифилд и Ленокс Луис, откако тројцата боксери добија посебни награди од ВБЦ федерацијата.

Вајлдер: Би го победил Тајсон од 1986 година

Фјури го „смачка“ Вајлдер во седум рунди! (видео)

Scroll to Top