Top Sport

Еибар со злато вредна победа против „лилјаците“ (видео)

Екипата на Еибар стигна до многу важна победа и многу битни 3 бода во борбата за опстанок на денешниот домашен меч против фаворитот Валенсија.

Единствениот погодок на мечот беше автогол на Кондогбиа уште во 16 минута.

Иако „лилјаците“ имаа повеќе од играта, сепак домашните фудбалери беа поголема закана кон противничкиот гол.

Во 89 минута гостите останаа и со играч помалку на теренот, по вториот жолт картон на Мангала.

Со оваа победа, Еибар се одлепи од последните три екипи кои се најблиску до преселба во понизок ранг. Еибар на 17-тата позиција има 32 бода, 4 повеќе од 18-то пласираната Мајорка која е во зоната за испаѓање со 26 бода.

Валенсија по ова коло останува на осмата позиција.
https://streamable.com/amjgnk

Scroll to Top