Top Sport

Руски фудбалер, екс-затвореник носи маска од крокодилска кожа (фото)

Поранешниот затвореник, фудбалерот на руски Зенит, Александер Кокорин се расфрла со пари по излегувањето од затвор.

Напаѓачот на Занит кој моментно е на позајмица во тимот на Сочи во септември минатата година излезе од затвор каде помина речиси една година откако со соиграчот од репрезентацијата, Певел Мамаев учествуваа во тепачка во ноќен клуб.

Кокорин без оглед на се е голема ѕвезда во Русија, па така и се однесува. Овие денови вниманието на себе го привлече откако стави на лицето маска која е посебно изработена од крокодилска кожа.

На маската која е направена во модно ателје е изгравирано „K9″, a цената на една ваква маска во слободна продажб е околу 30.000 рубљи или 400 евра.

Scroll to Top