Македонскиот фудбалер Музафер Ејупи (31) објави крај на кариерата.
„Физички и психички сум уморен. Здравствените проблеми низ кои минував оставија трага. Иако е се, фала му на бога, под контрола и стабилно, тоа не е доволно да бидам на нивото на кое бев претходно на тренинзите и натпреварите. Шест месеци давав се од себе, ги давав последните атоми, но едноставно не одеше. Здравјето мораме да си го цениме. Почувствува дека ова е момент кога треба да се збогувам со фудбалот“, објави на својата официјалната страница фудбалскиот клуб Славен Белупо.
Музафер Ејупи во кариерата играл за Вардар, Металург, Карталспор, Шкендија, Турново, Сонгкхлу Јунајтед, Осиек и Славен Белупо. Одиграл пет натпревари за младата и два натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.