Top Sport

Играчите на Лион се пресметаа со навивачите (Видео)

Лион синоќа успеа да избори пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Лион надомести негатива од два гола пред своите навивачи против Лајпциг (2:2) и благодарение на поразот на Зенит од Бенфика го освои второто место во Г-групата.

Фудбалерите на Лион во второто полувреме со головите на Ауар и Депај стигнаа до толку посакуваниот бод. По мечот наместо да слават тие се тепаа со своите навивачи.

Мемфис Депај додека го напуштил теренот забележал дека еден од ултрасите држи транспарент на кој пишувало „Марсело заминувај“. Покрај пораката за бразилскиот играч дека навивачите не го сакаат на транспарентот имало и цртеж од магаре.

Депај како капитен и лидер на овој тим на Лион застанал во одбрана на соиграчот. Успеал да го одземе навредливиот транспарент, поради што останатите навивачи тргнале да се пресметаат со него, некои успеале да поминат покрај редарите и полицијата и да стигнат до Депај.

Потоа во одбрана на капитенот застанале останатите играчи на Лион.

Инаку, Марсело стана омразен лик кај навивачите на Лион по мечот со Бенфика. По тој дуел тие жестокот го навредуваа Бразилецот на социјалните мрежи и на натпреварите. Останатите играчи во знак на солидарност престанаа да ги слават победите со навивачите.

Scroll to Top