Top Sport

Ек вели дека собрал пари, ќе даде сериозна понуда за Арсенал

Даниел Ек, шведскиот милијардер кој е сопственик на „Спотифај“ вели дека ќе даде солидна понуда на Стен Кренке за купување на Арсенал, откривајќи дека веќе ги собрал потребните средства за преземањето на клубот.

Во интервју за „Си-Ен-Би-Си“, Ек вели дека е многу сериозен за преземање на клубот и покрај тоа што семејството Кренке изјави дека нема намера да го продаде клубот и покрај притисокот од навивачите. 38-годишниот Ек има поддршка на легендите на клубот, Тјери Анри, Денис Бергкамп и Патрик Виера.

„Навивач на Арсенал сум од мојата осма година. Арсенал е мојот тим. Ја сакам историјата, ги сакам фудбалерите и секако, ги сакам фановите. Ова е вистинска шанса да се влезе со вистинска визија за клубот и да се врати старата слава. Сакам да ја добијам довербата на навивачите. Ги имам обезбедено потребните средства и мислам дека имам солидна понуда“, вели Ек.

Scroll to Top