Top Sport

Екип ги откри платите во Лига 1 – Нејмар и Меси, брутално се платени, а ништо не играат

Просечна бруто плата, на месечно ниво, во фудбалскиот клуб ПСЖ, изнесува 990.000 евра. Листата ја предводи Нејмар, тој месечно заработува 4.000.000 евра. Листата на плати во ПСЖ ја објави „Екип“.

Во Лига 1, според просекот, најблиску до ПСЖ е Олимпик Марсеј. Олимпик на месечно ниво, на плати троши речиси пет пати помалку од ПСЖ, односно 226.000 евра. Следуваат Монако (185.000 евра), Ница (130.000 евра), Олимпик Лион (120.000 евра).

Покрај Нејмар и 13 негови соиграчи се наоѓаан на првите 14 места, на листата на играчи со најголеми плати во француската Лига 1.

Втор на оваа листа е Лионел Меси. Аргентинецот има месечна плата од 3.375.000 евра, зад него е Килијан Мбапе (2.220.000 евра).

Нејмар и Меси се први на оваа лста и во европски рамки. Зад нив е Кристијано Роналдо (2.600.000 евра).

Scroll to Top