Top Sport

Екс-ѕвездата на ПСЖ, Нене мајсторски го реши францускиот предизвик

Поранешниот напаѓач на Пари Сен-Жермен, Нене стана хит на социјалните мрежи, покажувајќи дека на 40 години не го загубил осетот за топка, поминувајќи го таканаречениот „Лукарн д’Еври“ предизвик.

Во превод „Прозорецот на Еври“, е хит на социјалните мрежи во Франција од 2019 година, кога повеќе поранешни фудбалери се обидуваа да ја шутнат топката низ малиот прозорец на другата страна на улицата во Пирамидс квартот на Париз.

Во средата, Нене, кој уште е активен во бразилскиот Васко да Гама и кој е близок пријател на Нејмар и е во посета на француската престолнина, успеа да го „положи“ предизвикот.

Scroll to Top