Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација, ѕвездата на Манчестер Сити – Мика Ричардс открива детали од приватниот живот. Тој открива како во младоста многу заработувал, ама многу и трошел.
Ричардс се проби во првиот тим на Манчестер Сити во 2005 година. Открива дека кога имал 18/19 години платата му била 5.000 фунти неделно, но експресно истата пораснала на 50.000 фунти за една недела. Годишно заработувал по околу 2.5 милиони фунти.
Сите пари не ги потрошил, но не штедел многу при ноќните излегувања.
„Имам доста недвижнини, не ги потрошив сите пари, но беше поинаку. При излегување сите ги честев. Тогаш сакаш да си главен. Искрено, отидов еднаш во Лос Анџелес. Потрошив 150.000 фунти таа ноќ, за пијачки и за забава“ признава Ричардс.
Освен во Сити, тој играше и за Фиорентина и во Астон Вила, а од 2006 до 2012 година беше дел од „Гордиот Албион“.