Поранешниот фудбалер на Арсенал, Тајрел Робинсон е осуден на три ипол години затвор поради се.с со 14-годишна девојка.
Извештајот на полицијата наведува дека Робинсон повикал 3 девојчиња во стан во кој бил заедно со уште еден пријател.
Пиеле алкохол, а потоа фудбалерот имал однос со едно од девојчињата кое тогаш имало само 14 години. Освен тоа, Робинсон го фотографирал другарот додека имал се.с со останатите две девојчиња и сето тоа го објавил. Ова се случувало летото 2018 година.
Робинсон е осуден на 3,5, а неговиот пријател на 6 години затвор. Во текот на кариерата Тајрел ги поминал сите младински категории во Арсенал, од каде заминал во 2017 година и потпишал за Бредфорд.
Уапсен е во 2018 година, 10 минути пред мечот од Лига купот, па клубот веднаш го суспендирал. Отказот стигнал во февруари минатата година.