По опоравувањето од коронавирусот и изегувањето од самоизолација, првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо се врати во екипата. Беше во комбинација за дуелот со Специја, влезе во игра во вториот дел и постигна два гола.
Сепак Португалецот не им е омилен на сите.
Поранешниот дефанзиец на „Старата дама“, Бруно Пасквале го критикуваше Роналдо поради тоа што досега не научил италијански јазик.
„Тој е неук, во Италија е две години и се уште не го научил нашиот јазик, користи шпански кога зборува. Не ги почитува ниту своите соиграчи, ниту клубот, ниту Италијанците“ рече Паксквале во телевизиска емисија.
Пасквале во Јувентус играше од 1987 до 1990 година и за тој период настапи на 67 меча за клубот од Торино.