Top Sport

Екс-играч на Марсеј и Арис уапсен поради трговија со дрога

Поранешниот фудбалер на Малага, Олимпик Марсеј и Арис, Серхио Контрерас – Коке, бил уапсен поради трговија со дрога заедно со уште 20 лица во голема полициска акција која се одвивала во Севилја, Гранада и Малага.

Во акцијата во која бил уапсен Коке полицијата запленила повеќе од еден тон хашиш и неколку парчиња оружје.

Полицијата смета дека 36 годишниот Шпанец бил еден од водачите на групата која организирала трговија со дрога. Тој бил уапсен во својот дом во Малага.

Кариерата Коке ја започнал во Малага, а во 2004 година се преселил во Марсеј. За Олимпик одиграл 54 натпревари и постигнал шест гола. Најголем дел од кариерата минал во Арис. За овој клуб одиграл 175 натпревари и постигнал 39 гола.

Кариерата ја завршил во 2017 година.

Scroll to Top