Top Sport

Мурињо во 2015 година: Никогаш не би го тренирал Тотенхем

Тотенхем вчера се разделија со менаџерот Маурисио Покетино, а утрово клубот објави дека на неговото место доаѓа Жозе Мурињо.

Португалецот и претходно се поврзуваше со клубот од северен Лондон. Тој по речиси една година повторно ќе биде тренер во Премиер лигата. Мурињо лани, во декември, доби отказ во Манчестер Јунајтед. Во меѓувреме работеше како стручен коментатор.

Веднаш по објавата дека токму Мурињо ќе биде новиот тренер, англиските медиуми ја извадија изјавата што Португалецот ја дал во 2015 година, а која е поврзана со Тотенхем.

Мурињо во два мандати ги водел Челси, најпрвин од 2004 до 2007 година, потоа од 2013 до 2015 година.

Откако втор пат замина од Челси две години не водеше англиски тим, а Тотенхем имаа желба да го да биде тренер во клубот.

„Никогаш не би можел да го водам тотенхем, поремногу емотивно со поврзан со Челси и неговите навивачи“, изјавил во 2015 година Мурињо. Тогаш Тотенхем биле подготвени им платата обесштетување на Челси за нивниот тренер.

Мурињо со Челси три пати ја освоил Премиер лигата. Како стратег на Тотенхем против Челси ќе игра на 22 декември.

Scroll to Top