Напаѓачот на Фулам, поранешен играч на Партизан, Александар Митровиќ во Лондон им обезбедил влезници на 30 навивачи на Црвена ѕвезда.
Вечерва Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите ќе му гостува на Тотенхем. Митровиќ рекол дека со задоволство им помогнал на навивачите и дека е среќен што ќе можат да го гледаат натпреварот.
„Навивачи на Црвена ѕвезда ме бараа за да им обезбедам билети. Успеав да им го набавам тоа драгоцено парче хартија, тоа со задоволство го направив. Многумина од нив неколку дена ќе останат во Лондон. Верувам дека Црвена ѕвезда ќе има голема поддршка“, изјавил српскиот репрезентативец за „Спортски журнал“.