Top Sport

Екс-италијански прволигаш се продава за 1 евро!

Италијанскиот фудбалски клуб Фоџа кој оваа сезона испадна од Серија Б во Серија од денес се продава по симболична цена од 1 евро.

Семејството Санела кое го купи клубот пред две години не може веќе да го финансира клубот и интензивно бара инвеститор кој барем делумно ќе го врати клубот на старите патеки.

Фоџа, поради финансиски малверзации минатата сезона ја започна со -15 бода, кои подоцна беа намалени на -6. Иако клубот грчевито се бореше за опстанок, сепак на крајот заврши на 17 место и се пресели во понизок ранг.

Фоџа на крајот на осумдесетите и на почетокот на деведесетите години од минатиот век беше хит во италијанската Серија А. Тие години италијанската лига беше можеби најсилната во светот, а Фоџа под водство на легендарниот Зденек Земан од 1989 до 1995 година играше спектакуларен фудбал кои сите обожуваа да го гледаат.

Во сезоната 1991/1992 Фоџа првенството го заврши на 9. место со гол разлика 58:58.
Само тогашниот првак Милан кој немаше ниеден загубен меч даде повеќе голови (74), а само последнопласираниот Асколи прими повеќе голови (68).

Земан ја напушти Фоџа во 1995 година откако тимот испадна во втора лига поради финансиски проблеми.

Scroll to Top