Top Sport

Душко Вујошевиќ е нов тренер на Универзитатеа–Клуж!

Трофејниот српски кошаркарски стручњак, Душко Вујошевиќ стана тренер на романскиот кошаркарски клуб Университатеа од Клуж, соопштија од клубот. Вујошевиќ, според информациите, потпишал едногодишен договор.

„Среќен сум што дојдов во Клуж, кој покажа дека е сериозен клуб со големи амбиции. Не ми беше лесно да ја прифатам понудата, но видов дека е сериозна средина која сака големи резултати на европско ниво“ – рече Вујошевиќ на претставувањето.

Екс-тренерот на белградски Партизан кој со „црно-белите“ во 2010 година стигна до Ф4 турнирот во Евролигата по две години пауза и се враќа на тренерската работа.

Вујошевиќ во својата кариера освен на кормилото на Партизан беше тренер и на Црвена Звезда, Бреша, Пистоја, Пезаро, Раднички, ЦСКА Москва и Лимож, а своевремено беше и селектор на репрезентацијата на Србија и Црна Гора.

Scroll to Top