Top Sport

Екс-претседател на Барса по 20 месеци во притвор ослободен од вина за перење пари

Поранешниот претседател на ФК Барселона, Сандро Росел денеска е ослободен од вината за перење пари откако 20 месеци помина во притвор.

Росел беше обвинет дека во соработка со екс-претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Рикардо Тешеира проневерил околу 30 милиони евра преку фиктивна компанија.

Росел беше приведен во мај 2017 година, а во февруари годинава доби можност да се брани од слобода.

Обвинителите бараа казна затвор од 6 години, но судот во Мадрид заклучил дека нема доволно докази за тоа.

Росел беше претседател на Барселона од 2010 до 2014 година кога започна истрагата за затајување данок при трансферот на Нејмар од Сантос во Барса.

Scroll to Top