Top Sport

Надал со пресврт-победа против Аргентинецот Маер на Барселона опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потешко од очекувањата, по речиси 3 часа игра, со пресврт успеа да слави победа на земјена подлога на турнирот во Барселона против Аргентинецот Леонардо Маер.

Надал како втор светски играч во моментов го изгуби првиот сет во тај брејк со резултат 7-6(9-7). Отпорот на 63-от светски тенисер беше скршен во вториот сет кога Шпанецот уште во првиот гем направи брејк кој потоа го сочува се до крајот на сетот.

Во третиот сет Аргентинецот не можеше да парира затоа што Надал почна да доминура со својата препознатлива игра на најбавната подлога.

Во осминафиналето на турнирот Надал ќе се соочи со сонародникот Давид Ферер кој, пак денеска без проблеми со 2-0 (6-3 и 6-1) славеше против Французинот Лукас Пуј.

Scroll to Top