Сезонава велшкиот фудбалер, Герет Бејл одигра само 14 меча за Реал Мадрид, а од рестартот на фудбалот настапи само двапати. Неговиот статус во Реал е тема во сите светски медиуми, а сега своето мислење го изнесе и поранешниот претседател на клубот, Рамон Калдерон.
„Тажно е да се гледа играч како него на трибините. Мислам дека талентот се уште е тука, добар игра е кој може да игра на високо ниво во било кој светски клуб. Сметам дека мораат да пронајдат решение да се прекине оваа агонија за доброто на двете страни“ изјави Калдерон пренесува „ББС“.
Бејл им уште две години од договорот со Кралевите, според кој, наводно, заработува по 665.000 евра неделно. Ниту еден клуб не сака да го земе во своите редови затоа што треба да му ја исплаќа огромната плата.
„Зидан не се `потпира` на него, а со освојувањето на Ла Лига ја исполни главната цел сезонава. Проблемот е во договорот на Бејл“ вели Калдерон.
Сепак, тој понуди решение.
„Верувам дека многу клубови би сакале да го доведат пред новата сезона, меѓу кои се и неколку клуба од Премиерлигата. Реал сигурно би разгледал преземање на дел од платата, сме го правеле тоа и порано. Не би ме чудело тоа да го сторат и со Бејл“ – смета екс-претседателот на Кралскиот клуб.