Top Sport

ПМФЛ: Борец сред Скопје го зема „скалпот“ на шампионот Вардар уште во 2. минута

Во корона-услови попладнево започна 29-тата сезона во ПМФЛ.

На стартот, на нашиот најголем стадион некрунисаниот шампион од минатата сезона Вардар го пречека Борец од Велес. Гостинската екипа постигна еден гол доволен да направи „изненадување“ и да ги однесе трите бода.

Никола Радовиќ уште на стартот, во втората минута, со првиот удар кон голот на голманот на Вардар, Илиќ донесе предност за Борец.

Познати се турбуленциите во Вардар откако Сергеј Самсоненко одби повеќе да го финансира најтрофејниот македонски клуб.

До крајот на мечот иако гостите од Велес имаа уште неколку убави шанси за зголемување на водството, сепак резултатот остана непроменет.

Македонски фудбал се игра по пауза од 5 месеци, а сезонава ПМФЛ се состои со 12 екипи (Пелистер и Беласица се новајлии), 2 повеќе од минатото првенство.

Останатите дуели од 1. коло во ПМФЛ се играат утре со почеток од 17.30 часот, а дуелите се:
Шкупи – Шкендија, Македонија ЃП – Работнички, Пелистер – А. Пандев, Беласица – Силекс, Ренова – Струга ТЛ.

Scroll to Top