Мајкл Еменало, поранешниот високоценет технички директор на Челси, е пред промоција на позицијата спортски директор на целата Саудиска Про лига, во прв ваков случај во светскиот фудбал, тврди „Мирор“.
Еменало, кој шест години беше одговорен за трансферите на Челси, се договорил да стане одговорен за подобрувањето на организацијата, стратегијата и развојот на талентите во саудиската лига, која ова лето донесе повеќе фудбалски ѕвезди. Тој беше успешен на „Стемфорд Бриџ“, каде што ги донесе Еден Азар, Кевин де Брујне, Мохамед Салах и Н’Голо Канте.
Лигата има намера да го централизира носењето на засилувања во лигата, по трансферите на Кристијано Роналдо и Карим Бензема како најзвични имиња, и исто така ќе работи на развивањето на талентите на младите саудиски фудбалери.