Top Sport

Ексѕвездата на Јунајтед, Андерсон обвинет за сериозен криминал

Андерсон Луис де Абреу Оливеира, попознат како Андерсон, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, е обвинет за сериозни криминални дејствија во неговата татковина – грабеж, организиран криминал и перење пари.

Андерсон пристигна на „Олд Трафорд“ од Порто во 2007 година за 30 милиони евра, но не ги исполни големите очекувања, по што играше за Фиорентина, Интернасионал, Гремио и Адана. Тој беше обвинет од судот во бразилската провинција Рио Гранде до Сул, но неговиот  адвокат, Жулио Сезар Коитињо тврди дека поранешниот фудбалер е жртва.

„Не сме повикани на суд, така што нема за што да се зборува. Има истрага, Андерсон е свесен за тоа, но на крајот ќе докаже дека тој е жртвата, а не криминалец“, вели Коитињо.

Според обвинението, групата во која бил член Андерсон, влегла во системот на банката „Сантандер“ и украле 35 милиони бразилски реали (6 милиони евра) од металуршката компанија „Гердау“. Тие направиле 11 трансфери на пари во четири различни бразилски провинции, а потоа купувале криптовалути. Андерсон бил делумен сопственик во компанијата која го договарала купувањето криптовалути. Според „ЕСПН“, Андерсон е во Турција и ако си замине од државата ќе биде уапсен, а сите негови сметки се блокирани во Бразил.

Scroll to Top