Top Sport

Ексфудбалерот на Сити, Бенжамин Менди е ослободен во судењето за силување

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Бенжамин Менди денеска беше прогласен за невин во судењето за силување и обид за силување, во обновеното судење по процесот кој траеше повеќе од три години.

28-годишниот француски фудбалер претходно беше ослободен за шест други обвиненија за силување во јануари, но беше на повторно судење за два случаи. Тој сега е слободен човек, но и фудбалер без клуб по крајот на неговиот договор со англискиот шампион.

„Бенжамин Менди сака да се заблагодари на поротата за тоа што ги увидоа доказите во неговото судење, а не шпекулациите и лажните изјави. Ова е вторпат господинот Менди да е суден и да е ослободен од порота. Поминаа речиси три гоини од почетокот на истрагата, и ова имаше огромно влијание на неговиот живот. Тој сега ќе се фокусира на обновување на неговиот живот“, изјави неговата адвокатка, Џени Вилтшир.

Scroll to Top