Top Sport

Ексгаздата на Марсеј, Бернар Тапи претепан во својот дом

Бернар Тапи, поранешниот француски министер и поранешен газда на „Адидас“ и на Олимпик Марсеј заедно со својата сопруга бил нападнат при грабеж во нивниот дом во Ком-ла-Вил во близината на Париз, потврди француската полиција.

Двојката спиела кога четири мажи влегле во нивниот дом по полноќ, ги истепале и ги врзале со електрични кабли пред да го ограбат нивниот дом. Доминик Тапи успеала да се ослободи и да пристигне до домот на соседите, од каде што повикала полиција.

78-годишниот Тапи, од скромно семејство, стана еден од најмоќните луѓе во Франција, купувајќи јахта од 72 метри и со Олимпик Марсеј стигнувајќи до француската титула на многу сомнителен начин. Тој беше министер за урбанизација во владата на Франсоа Митеран во 1992 година, а подоцна беше осуден во низа корупциски скандали, по што заврши пет месеци во затвор и му беше одземено правото да се кандидира за политички функции.

По излегувањето од затвор во 1997, тој влезе во шоу-бизнисот, работејќи со ТВ-шоуа, а во 2012 го купи весникот „Ла провенс“. Тапи уште го очекува судење за измама, кое треба да продолжи во мај.

Scroll to Top